Традиционално, за време на настанот, Vrabotuvanje.Com ја додели својата награда за најпосетуван огласувач и оваа година таа заврши во рацете на компанијата ЛИДЛ.
Синоќа Македонската Асоцијација за човечки ресурси го организираше настанот за доделување HR-награди за 2022 година. Настанот се одржа во Public Room, а беа врачени вкупно 5 награди.
„Платформа за различност, еднаквост и инклузивност за работното место“ на Pivara Skopje AD беше изгласана од страна на присутните за HR-Практика на годината за 2022 година, во категорија на големи компании/организации и оваа практика како награда, а под покровителство на Vrabotuvanje.Com ќе замине на регионалниот натпревар на HR практики во Ровињ, Хрватска. Додека пак во категоријата средни компании/организации, присутните ја избраа HR-Практиката „На Кафе кај Професор Раде“ на Машинскиот факултет во Скопје.
Наградата за Млад HR-ентузијаст на годината за 2022, согласно одлуката на стручната комисија, беше доделена на Ивана Тасевска од Magna Mirrors South-East Europe, додека пак, за HR-менаџер на Годината беше избрана Марина Михајловска од Кола Скопје.
Традиционално, за време на настанот, Vrabotuvanje.Com ја додели својата награда за најпосетуван огласувач и оваа година таа заврши во рацете на компанијата ЛИДЛ.
- Иако се уште официјално не се отворени, се уште официјално немаат свој објект ниту пак имат огласи за масовни позиции интересот за оваа компанија е огромен. Кој знае колкава ќе биде бројката на посети кога официјално ќе отворат. - нагласи Дарко Велков - Генералниот менаџер на Вработување пред да го прочита името на добитникот.
Ланскиот добитник на наградата за најпосетуван огласувач беа Магна Мирорс кои во 2021 беа компанија која се пробиваше на пазарот на труд. Од ова може да се заклучи дека македонските работници се желни за нови компании и нови предизвици.