Ubiquitous, маркетинг агенција, започна да плаќа за прелистување на TikTok видеа.
Изгледа како неверојатна работа за многу корисници на оваа социјална мрежа, кои и без тоа потрошуваат значително време пред екранот. Сега, добрата вест е дека може да бидат платени за тоа. Еден час прелистување на TikTok може да биде платен со 1000 долари.
Во огласот за работата "TikTok Watching Job", агенцијата извести дека оние кои ќе ја добијат оваа работа мораат да поминат десет часа дневно прелистувајќи видеа на платформата.
Секако, не е препорачливо да поминете поголем дел од денот гледајќи во мобилниот екран, но многу луѓе станаа зависници од своите смартфони и потрошуваат многу време на социјалните мрежи, а сега можат да заработат чак 10 илјади долари.
Крајниот рок за пријавување на оваа работа е 31 мај.