„Семејството беше уапсено врз основа на нивната религиозна припадност и поседување на Библија во 2009 година. Целото семејство служи во политички логор“, се вели во извештајот.
Се додава дека престојот во овие кампови е исклучително тежок и дека осудените често се изложени на физичко насилство.
Смртните казни за религиозни верувања не се ретки во оваа земја. Една жена и нејзиниот внук беа застрелани во 2011 година.
Висок функционер е убиен на аеродромот пред 3.000 луѓе бидејќи во неговиот багаж била пронајдена Библија, пишува Metro News.
Според овој извештај, црквите во Северна Кореја служат само како „витрини за туристите“, а еден човек кој ја посетил земјата рекол дека во нив никогаш нема деца.
Извор: kajgana.com