Виенските власти во текот на септември ќе им плаќаат кирија на станарите на 222.000 станови во сопственост на градот, што е дел од антиинфлациската политика.
Како што најавија надлежните во австриската престолнина, ќе се исплати повеќе од половина од нето износот на киријата.
Ова беше претставено како дополнителен бонус во рамките на програмата за помош, во износ од 55 милиони евра. Помош за плаќање кирија ќе добијат половина милион граѓани.
Како дополнителна мерка, градската компанија за управување со становите „Винер Вонен“ на крајот на годината ќе обезбеди уште еден финансиски бонус.
Конкретната сума на оваа помош ќе зависи, како што најавија, од стапката на раст остварена во наведениот период.
Последната мерка е да се олесни процесот на склучување договор за плаќање закупнина.
Ова треба да им помогне на оние станари кои се во долгови и се во опасност да го загубат станот.
Создавањето, како што е наведено, цврста мрежа за социјално осигурување која ги исполнува барањата на денешното време е еден од приоритетите на главниот град на Австрија.
Извор: aktuelno.mk