ЛИОН ДОО Свети Николе е компанија која произведува квалитетни кондиторски производи и има над 160 вработени во својот тим. Лион започна со производство на чоколадо и на чоколаден крем, за да подоцна го прошири призводството на бисквити и ситни колачи.
За тоа како е да се биде дел од тимот на Лион на позиција директор за контрола на квалитет, за производите и процесите, за соработката и организацијата на работата во компанијата, поразговаравме со Игор Јованчев, дипломиран инженер по прехрамбено и био технолошко инженерство.
Можете ли да ни кажете нешто накратко за вашата улога како директор за контрола на квалитет во компанијата Лион? Која беше вашата кариерна патека пред да дојдете на оваа работна позиција? Кои се вашите клучни обврски како директор за контрола на квалитет?
Улогата на директорот за обезбедување на квалитет (QA) e да обезбеди производство на квалитетни и безбедни производи, како и контрола на квалитетот и безбедноста на производите во текот на целиот производствен процес. Исто така, мора да обезбеди континуирано унапредување на производот и на производствениот процес во сите фази, од прием на суровини за производство до излез на готов производ.
Ги координира и управува сите сектори кои се вклучени во тимовите за работа по разни меѓународни стандарди за квалитет во работењето како и стандарди за безбедни производи. Го организира и активно учествува во развојот на нови производи.
Што Ве привлече на почетокот кон полето за производство на слатки, крем и колачи? Како развивте интерес за оваа област?
Бидејќи по вокација сум дипломиран инженер по прехрамбено и био технолошко инженерство, очекувано беше да својот работен ангажман го имам во некои од индистриите за производство на храна. Почнав со работа во комапнијата во која сум до ден денес. Во тој момент Лион беше компанија со мал обем на производство и петнаесетина вработени, но со визија и амбиции за развој. Во план беше изградба на фабрика со поголеми капацитети и повеќе нови линии за приозводство.
Желбата да се учи постојано нешто ново, можноста да креирате и создавате нови производи, како и постојаната динамичност на работата е нешто што ја прави оваа работа привлечна за младите креативни и соодветно образовани луѓе, и се разбира би ја спомнал и перспективата на овој профил на работни позиции поради поголемите интереси за нови производи, како и потреби и барање на купувачите за различни производи со различни функционални карактеристики.
Да заклучам, мојот избор беше да се образувам и работам за производство на храна, прва можност добив да станам дел од кондиторската индустрија, и останав до денес во оваа гранка за производство на храна.
Можете ли да споделите со нас еден од најинтересните производи што сте ги измислиле или развиле? Што го направи уникатен или предизвикувачки?
Најголем дел производите сами ги креаираме и развиваме, како резултат на потребите и барањата на купувачите, но и на технолошките можности на нашите линии за производство. Се разбира, користиме и консултативни услуги од консултанти кои се експерти за производите кои сакаме да ги развиваме. Сите производи кои сме ги развиле ни се интересни, но сепак како уникатни би ги издвоил десертните производи од палетата на Sirmi.
Соработката и тимската работа се од суштинско значење во секоја производна средина. Како негувате ефективна комуникација и соработка помеѓу технолозите, тимот за контрола на квалитетот и другите одделенија?
Секако, работата на тимот е на врвот на пиедесталот. Таму каде што функционира тимското работење, успесите се неизбежни.
И за крај, како технолог, каков совет би им дале на младите професионалци кои се стремат да продолжат со кариера во оваа област? Дали има некои вештини или знаења на коитреба да се фокусираат за да ги развиваат како би биле најкомпетентни во областа?
Да сакаат да учат постојано, да бидат упорни и истрајни во работата, да сакаат работа во тим, да бидат посветени на својата работа – во тој случај успехот ќе биде неизбежен.
Стани дел од тимот на ЛИОН! Во моментов бараме кандидати за следните работни позиции:
Технолог за стандардизација и сертификација
линк за повеќе детали и аплицирање
Сменски технолог
линк за повеќе детали и аплицирање
R&D Специјалист
линк за повеќе детали и аплицирање