Гладна мечка влегла во гаража на пекара во Конектикат, каде преплашила неколку вработени, а потоа се почастила со колачи.
Вработените во пекарницата Taste by Spellbound во градот Авон ставале колачиња во комбе за да направат испорака, но нивните планови биле спречени од мечка.
Сопственичката на пекарата, Мириам Стивенс, изјавила дека слушнала врисоци од вработената Морин Вилијамс, како и предупредување дека во гаражата има мечка. Тогаш Вилијамс се обидела да ја исплаши мечката, но таа се вратила трипати и се обиде да ја нападне. Така Вилијамс истрчала од гаражата, а на снимката од надзорната камера се гледа како мечката влече контејнер со колачиња, по што изела дури 60 од нив.
За среќа, никој не е повреден во инцидентот, но средбите меѓу луѓето и мечките се вообичаени во Конектикат. Минатиот месец мечка касна за рака 74-годишна жена додека таа го шетала своето куче во градот Хартфорд.
Според официјалните податоци, во Конектикат живеат меѓу 1.000 и 1.200 американски црни мечки, а минатата година биле видени во 158 од 169-те градови во оваа американска сојузна држава.
Извор: kajgana.com