Во фабриката на „Porsche“ во Лајпциг веќе работат 1.500.000 нови и необични вработени, на кои им е доделен проектот „Turbienchen“ (од германски – „мала турбина“). Сепак, тие нема да работат на нов спортски автомобил, туку на производство на мед од липа.
Минатата година, германскиот производител на автомобили одлучи да направи експеримент и пушти серија мед „Turbienchen“ која вклучуваше 400 килограми од производот. Целата серија беше откупена за неколку дена. Затоа „Porsche“ одлучи да го зголеми производството и „ангажираше“ 1.500.000 пчели.
Оваа година, компанијата планира да проиизведе најмалку еден тон мед. „Турбомедот“ сепак ќе може да биде купен само од потенцијални клиенти и сопственици на спортски автомобили на брендот, а продажбата се врши во компаниската продавница во фабриката.
Со пуштањето на медот „Turbienchen“, „Porsche“ не само што обезбедува дополнителни приходи, но и ја задржува популацијата на германските пчели кои се заштитени од државата поради заканата од изумирање. Во специјална област во фабриката во Лајпциг исто така има и 75 бизони и 27 диви коњи.
извор: denar.mk