Граѓаните кои патуваат на работа во Скопје секојдневно плаќаат патарини. Од Тетово до Скопје и назад тоа се 160 денари само за оваа давачка. Некому му доаѓа да потроши околу 40.000 денари годишно само за патарини на оваа делница. Граѓаните кои патуваат од Велес до Скопје и обратно плаќаат по 240 денари или околу 1.000 евра годишно. Од Гостивар до Скопје и обратно 68 илјади и за Куманово над 48 илјади денари.
Граѓаните плаќаат патарини, но воопшто не се задоволни од состојбата на автопатиштата во земјава. Дупките по патишта и немањето сигнализација на некои делници патувањето го прават небезбедно.
Граѓаните велат дека се директно изложени на опасност кога врне, бидејќи дупките се полнат со вода. Според податоците на полицијата, секоја година на автопатиштата во земјава се случуваат стотици сообраќајни несреќи. Лани имало точно 616.
„Како да се плати, катастрофа. Уште полошо, нема каде да се оди, џабе плаќаме, ова никаде го нема“, реагираат граѓаните.
Институциите меѓусебно се обвинуваат зошто не се подобрува состојбата на патиштата. Од ЈП „Државни патишта“ велат дека со тоа треба да се занимава „Македонија пат“.
„Ние како јавно претпријатие за секоја година склучуваме договор, а вредноста на тој договор за одржување на патиштата е 1 милијарда и 850 милиони денари што другото јавно претпријатие го има како обврска за одржување на патиштата, дали летно одржување, што значи пополнување на дупки, хоризонтална сигнализација, вертикална сигнализација, странично косење трева, одржување странични мрежи за да се спречи влез на животни, бидејќи тоа предизвикува и несигурност во сообраќајот, сето тоа е обврска на другото државно претпријатие кое е одговорно за одржување на магистралните и регионални патишта”, рече Ејуп Рустеми, ЈП „Државни патишта“.
Од ова претпријатието, познато како „Македонија пат“, велат дека работат врз основа на програмата која ја потпишува Претпријатието за државни патишта.