До 31 август 2023 година, „ЕСМ Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“.
Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.
ГИ ПОКАНУВАМЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ ЗА СИТЕ НЕОПХОДНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ ДА СЕ ОБРАТАТ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ 02/3076-200 И 075/400-100. ЗА ДА ЈА ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТА ЗА БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ ПОТРЕБНО Е ДА ПОДНЕСАТ ПИСМЕНО БАРАЊЕ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ ВО НЕКОЈ ОД ПУНКТОВИТЕ ЗА ПОТРОШУВАЧИ НА „ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА“, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО.
Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје посочуваат дека по завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.
Извор: telma.com.mk