"Wizz Air" најави дека рачниот багаж кој ќе сакате да го качите во авионот горе со вас ќе почне да се наплаќа. Оваа одлука на авиокомпанијата ќе стартува од 1 ноември. Со неа патниците ќе имаат право да носат една бесплатна рачна торба во кабината на авионот со димензии до 40x30x20, што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.
Доколку патниците сакаат горе со себе да носат погoлем рачен багаж ќе треба да купат налепница "WIZZ Priority". Оваа налепница ќе овозможи качување на багаж со димензии до 55X40X23. Цената за предметната налепница ќе започнува од 5 евра и со истата ќе е можно приоритетно чекирање и качување во авионот.
Компанијата смета дека новата опција ќе го направи побрзо качувањето на патниците.
Wizz Air воведува нов тип пријавена торба со дозволена тежина до 10 kg, заедно со веќе достапните опции од 20 и 32 kg. Купувањата може да се извршат согласно новата политика за кабински торби од 10 октомври 2018 година за патување на/по 1 ноември. За корисниците што ќе патуваат на или по 1 ноември 2018 што веќе купиле билети пред 10 октомври без "WIZZ Priority", нивните резервации ќе се надгрдат со бесплатна пријавена торба од 10 kg. За корисниците што веќе купиле пријавени торби од 20 или 32 kg, нивните резервации ќе се надградат со "WIZZ Priority", стои на официјалната страна на компанијата.