Повисоки плати и нов колективен договор или над 1.000 вработени во УЈП одат на генерален штрајк. Вакво предупредување дадоа работниците кои денеска повторно излегоа на предупредувачи протест пред зградата на Mинистертвото за финансии,
Од УЈП повеќе од еден час чекаа прием кај Бесими, но тоа не се случи. Предупредуваат дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на нивната работа, а тоа ќе значи колапс за целата држава.
Незадоволството кај вработените излезе откако министерот Бесими ги зголеми платите на вработените во своите редови и тоа за околу 30 отсто, но не и на другите органи кои се под ова министерство. Објансувањето тогаш беше дека платите во финансии морало да пораснат затоа што луѓето од таму си заминувале. Пред извесно време вработeните во УЈП излегоа на предупредувачки протест, пред управите во повеќе градови во земјава.