Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, цените на прехранбените производи се зголемија, но со нив се зголеми и побарувачката. И покрај високите цени и кризата, граѓаните се обидуваат да не пропуштат ништо за празникот.
„Излеговме да купиме нешто, да видиме што да купиме за дома…. Ги направивме сите подготовки…Цените се катастрофа, а сиромашните, тешко ним што немаат…, велат купувачите.
Дека има раст на цените, се согласуваат и продавачите. Тие велат дека се задоволни со интересот, но во споредба со претходно, ситуацијата сега е поинаква.
“Поскапени се цените, кога има повеќе роба паѓа цената, кога нема поскапува… Движење има, а има и купувачи кои купуваат, не дека нема, но ситуацијата сега го прави своето, односно платите се многу мали, додека артиклите што ги продаваме имаат многу високи цени, и поради тоа работата опаднала малку… “, велат продавачите.
Курбан Бајрам е еден од двата најважни празници за муслиманите.