Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, во градските подрачја живородени се 10 866 деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 39.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.6 %.
Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот Регион со 7.7 %.
Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 488 лица, a во селските подрачја -898 лица.
6 975 или 51.1 % од склучените бракови се во градските подрачја, а 5 907 бракови или 45.9 % во селските подрачја.
Во градските подрачја имало 1005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 разводи, односно 37.7 % од вкупниот број разводи. Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 49.0 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1 450 лица, а најмало во Југозападниот Регион, односно -172 лица.