Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, објави УХМР
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 29 степени.
Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето.Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Вторник:
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8
Среда:
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7
Четврток:
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.