Насмевките на фотографиите денес се широко распространети. Но, дали отсекогаш било така?
На првите фотографии некогаш направени речиси и да не можеле да се забележат насмевки на луѓето. Дури во 20-тите и 30-тите години на минатиот век, насмевките на лицата при фотографирањето станале дел од стандардниот нивен изглед.
Некои сметаат дека причината за недостигот на насмевки била лошата здравствена состојба на забите на луѓето од тој период. Друго објаснување е дека во тоа време самиот чин на фотографирање одземал многу време, и тоа им создавало потешкотии на луѓето да се смеат подолго време. Па така, тие одбирале понеутрален изгледа, а насмевката не била првата опција.
Но, дури и кога технологијата се подобрила и луѓето можеле да го овековечат моментот за помалку од минута, тие сеуште одбивале да се смеат. Се верува дека причината за тоа е што тогаш фотографијата чинела многу, и некои го правеле тоа само еднаш во животот. Во тоа време самата фотографија се сметала како начин да се зачува сеќавањето на своите блиски откако тие ќе починат.
Експертите велат дека отсуството на насмевки било поврзано и со тоа што во минатото широките насмевки бие поврзувани со лудило, непријателство, гласност и пијанство. Поради тоа, фотографиите во 19 век биле формални, а луѓето на нив имале спокоен израз на лицето.
Една студија која ги опфатила алмонасите од средните училишта во САД во периодот од 1905 година до 2005 година, успеала да го забележи менувањето на фацијалните експресии. Истражувачите проучувале слики од машки и женски ученици и откриле дека насмевката се зголемувала со текот на времето. Исто така, тие откриле и дека низ годините женските лица во просек биле тие кои се смееле повеќе од машките.