Индустријата игри на среќа е една од најбрзо растечките економски гранки во светот. Северна Македонија не е исклучок од ваквите трендови. Вкрстувањето на повеќе економски податоци укажува дека во приватниот сектор апсолутен лидер по бројот на вработени се компаниите кои организираат и приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и обложувалници. Фактите потврдуваат дека во сите форми на приредувачи на игри на среќа се вработени речиси 10 илјади луѓе, индиректно се поддржуваат меѓу 54 и 100 илјади други работни места од дејности кои остваруваат профит токму благодарение на игрите на среќа.
За илустрација, бројката на вработени во игрите на среќа е еквивалентен на вкупниот број на жители во Берово и Пехчево, два цели општини во источна Македонија. Статистички погледнато овие бројки упатуваат на заклучокот дека сметано со број на членови во едно просечно семејство во државата може да се каже дека без малку 200 илјади луѓе имаат директен или индиректен бенефит од индустријата игри на среќа. Не смее да занемарува податокот дека работодавците во автомат клубовите и казината исплаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос, со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени бидејќи работното време е 24 часа, 7 дена во неделата.
Без разлика дали некому му се допаѓа или не, неспорен факт е дека игрите на среќа се сериозен двигател за македонската економија и најголем работодавач во приватниот сектор. Целата индустрија игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во државниот буџет, што ако ја земеме буџетската проекција на Министерството за финансии за 2023 година, тогаш овие приходи зафаќаат 6 проценти буџетските планирани приходи.
Пишува Горан Стоименов, претставник на АПИС (Асоцијација на приредувачи на игри на среќа)...