Најбогата пејачка во Хрватска е Маја Шупут, која освен со пеење се занимава и со бизнис
Хрватската пејачка Маја Шупут е најбогатата пејачка во Хрватска бидејќи двете компании што ги поседува и
донесоа огромен милионски профит во претходната година.
Компаниите на Маја лани оствариле промет од речиси 6 милиони куни,
што е повеќе од 46 милиони денари.
Маја е сопственик и директор на компанијата „Морска дива“, чии приходи во 2022 година изнесувале 518.312 евра, а „деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра“, пренесува Индекс. Споменатата компанија има еден вработен, а пејачката преку неа раководи со својата музичка кариера.
Нејзината друга фирма се занимава со продажба на козметичка линија во која е косопственик со сопругот Ненад Татаринов, лани имала промет од неколку милиони евра (околу 275.000 евра), а компанијата остварила добивка од 30 илјади евра.