Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Неповолна недела за склучување договори. Сите поважни акции во врска со работата одложете ги за наредниот месец.
ЉУБОВ: Односот со партнерот се менува секој момент. Имате чувство дека врската ви е на стаклени нозе. Вложете малку труд во неа.
ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на алергија.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Оптеретени сте со деловните обврски. Откако ќе завршите една задача, веднаш ви доделуваат нова, најдете начин малку да се одморите.
ЉУБОВ: Без поголеми промени за оние во врска или брак. Слободните тешко ќе пронаоѓаат добра шанса за нова врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со имунитетот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе имате повеќе среќа од вообичаено. Искористете го тоа за да забележите поголеми успеси.
ЉУБОВ: Имате преголеми очекувања од саканото лице и му вршите притисоци. Поради тоа можно е да дојде до почести кавги.
ЗДРАВЈЕ: Проверувајте го редовно крвниот притисок.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Доколку се занимавате со приватен бизнис можни се мали загуби. Сите останати ги очекува добра работна недела.
ЉУБОВ: На полето на љубовта барате сигурност, но сеуште ја немате вистинската особа покрај себе. Не се грижете наскоро ќе се појави. Оние во врска или брак ќе бидат во монотонија.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со репродуктивните органи.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Доколку сте склопиле договор со некој, дури и усмен, треба да го почитувате. Така ќе ги зачувате добрите деловни односи.
ЉУБОВ: Ве очекува тешка недела за љубов, бидејќи можни се расправии со партнерот. Премолчете за некои работи.
ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Не сте задоволни со случувањата на работа. Можно е да имате ситни трошоци и тоа да ве излуди. Без паника, тоа е само мал проблем.
ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекува стабилност, но вие сепак имате чувство дека нешто не е во ред. Олабавете се малку и подобрете го однесувањето кон партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Претерувате со храната.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Оваа недела не е поволна за работа или инвестиции. Наредната ќе ви биде подобра, па затоа доколку сте испланирале нешто важно, одложете го малку.
ЉУБОВ: Некои проблеми ги пренесувате во љубовниот живот. Расположението ви се менува секој миг, а тоа го заморува партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Стресот ќе ве исцрпи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Иако верувате дека добро сте се вклопиле во колективот, ѕвездите покажуваат поинаку. Постои шанса да откриете некој деловен непријател.
ЉУБОВ: Доколку сте во врска можно е да започнете да се одалечувате од партнерот. Можен е и прекин на врската доколку не внимавате на однесувањето.
ЗДРАВЈЕ: Несоница.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: На работа не се потпирајте премногу на пријателите. Оваа недела ќе морате да се потпрете само на себе.
ЉУБОВ: Во љубовта имате чувство дека лицето кое го сакате или ви се допаѓа се одалечува од вас. Направете нешто доколку тоа лице навистина ви значи.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесот на калциум и магнезиум.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Имате чувство дека повеќе не можете да се потпирате на ветувањата кои ви ги дава надредениот. Чувството не ве лаже.
ЉУБОВ: Заинтересирани сте за едно лице и посакувате голема промена на љубовен план. Можно е тие чувства да не ви бидат возвратени.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Доколку планирате деловно патување оваа недела, одложете го за наредната бидејќи оваа не е толку поволна за деловни состаноци. Наредната недела ви ветува повеќе успеси.
ЉУБОВ: Во љубовта односите ќе ви бидат топло-ладно. Добра вест е што ќе успеете да најдете начин да ја подобрите ситуацијата.
ЗДРАВЈЕ: Одвојте време за квалитетна масажа.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Ви делува дека сте во финансиски колапс и тоа воопшто е ви одговара. Поведете повеќе сметка за вашите финансии.
ЉУБОВ: Имате сомнежи кога станува збор за партнерот. Прочитајте неколку нешта меѓу редови и се ќе ви стане јасно.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со урогениталниот тракт.
denar.mk