Албанија годинава повеќе од сигурно е дека ќе забележи рекордна туристичка сезона бидејќи туристи има речиси од сите делови на светот.
Тоа е и поради фактот дека за првите шест месеци земјаата ја посетиле 3,4 милиони или 33 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.
Традиционално најбројни се косовските и македонските туристи, со 1,3 милиони односно 290.000, а веднаш по нив се црногорските.
-Оваа година за одмор ја избрала и голем број туристи од Западна Европа, чиј број се зголеми по рекламите на престижните странски медиуми. Првото место го држат Германците со 117 илјади а по нив се Британците, со 80 илјади, јави Топ чанел.
По неколку десетици илјади има и од Србија, Грција, Италија, Шпанија, Франција.
Иако во помал број од минатите години сепак во Албанија имало и туристи од завојуваните Украина и Русија, со 10 односно 8000.
-Но, јуни потврди уште еден тренд кај нас, со зголемување на бројот на посети од деловни причини за 58%. Ова покажува дека странците доаѓаат и за инвестиции во Албанија, каде многу од нив купуваат бизниси или станови во крајбрежните градови, наведува телевизијата.
Минатата година во Албанија престојувале над 7,5 милиони туристи.