![Неделен возен ред на автобусите на ЈСП за Илинден, Жичарницата ќе работи до 20 часот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/33/a8c82e33-resize-820x0x100.jpg)
Ве информираме дека утре, среда (02.08.2023 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, се вели во соопштението од ЈСП.