Ли Вилсон одлучил да одгледува сосема поинаква култура од онаа што обично ја одгледувал поради многу посебна причина. На 10 август ќе биде неговата 50-годишнина од бракот со Рене Вилсон, а како подарок и изненадување за сопругата засадил 1,2 милиони сончогледи.
- На 10 август славиме 50 години брак. Што да ѝ купите на вашата жена за 50 години брак? Многу размислував и отсекогаш знаев дека обожава сончогледи. Па помислив да ги засадам годинава, дури 32 хектари, вели Ли.
Ако се прашувате колку точно е тоа - 1,2 милиони растенија.
Ли со помош на синот ги засадил во мај, тајно за да не дознае Рене додека не почнат да цветаат.
- Бев воодушевена. Се чувствувам многу посебно. Не можеше да биде посовршен подарок од поле со сончогледи, истакна Рене.
Почнале да излегуваат кога таа имала 16 години
Двајцата се заедно речиси цел живот, а тоа било љубов на прв поглед.
- Се запознавме во средно училиште. Таа не можеше да излегува до 16 години, па ѝ се јавив на нејзиниот 16-ти роденден и тогаш почнавме да излегуваме. „Нашиот прв состанок беше на забава со ролшули“, се сеќава Ли.
Неговиот романтичен гест привлече големо внимание низ Канзас, а луѓето доаѓаа од целата држава за да се фотографираат на поле со сончоглед.