Додека на социјалните мрежи се водеше полемика и реакции, што се случи со амбулантното возило коешто пред две години како донација го доби Општина Дојран, општината туристичката сезона ја започна без обезбедена примарна здравствена заштита и за мештаните и за туристите. Од тука велат причината била немањето соработка со претходното раководството на гевгелиската болница.
Три дена пред август проблемот е решен. Од саботата функционира и амбулантата во Стар Дојран. Обезбедени се медицински тимови во соработка со Општата болница во Гевгелија и Здравствените домови во Струмица и Валандово. Здравствениот тим ќе работи секој ден од 08 до 20 часот, потврдија и од Министерството за здравство.
Мештаните реагираа зошто амбулантното возило што општината го доби како донација пред две години му е подарено на Здравствениот дом во Валандово. Не е подарено, туку отстапено со одлука на Советот, образложија од општината. Договорот требало да се потпише деновиве.
Матичен лекар има само во Нов Дојран, амбуланта празна во Стар Дојран
Во Општината има само еден матичен лекар и тоа во Нов Дојран. Амбуланта има во Стар Дојран но со години е празна поради проблемот со немањето на медицински кадар. Во ек на туристичката сезона, примарна здравствена заштита во туристичко населено место, за туристите немаше.
Бројните реакции и на туристите и на мештаните, но и промената на раководството на општата болница во Гевгелија, којашто територијално е задолжена да обезбедува примарна здравствена заштита и за Општина Дојран, ги променија работите, вели првиот човек на Советот на Општина Дојран, Ратко Ајцев.
„Имаше проблем со обезбедувањето на примарна здравствена заштита и медицинснки тим, пред се поради тоа што немаше соработка со општата болница во Гевгелија, којашто е надлежна територијално да обезбедува медицински услуги на територија на општина Дојран. Од пред некое време Општина Болница Гевгелија има нов директор и во соработка со таа болница, Здравствените домови Струмица и Валандово, медицински тим на територијата на Општина Дојран, како во летниот период така и во текот на целата година.“ образложи Ајцев.
Целиот текст прочитајте го на: mms.mk