Не постои некој што не сака да добие покачување од својот работодавач – награда која докажува дека напорната работа и труд на крајот се исплати
Покачувањето има многу поголемо значење од самите пари. Тоа е јасен знак дека компанијата се грижи за своите вработени и дека сака да ја награди нивната напорна работа.
Меѓутоа, кај голем дел од компаниите тоа не е случај па се случува вработените сами да побараат покачување и притоа да не го добијат.
Знаеме, чувството да не се добие заслужено покачување е многу тешко. Во продолжение ви претставуваме топ 5 изговори кои работодавачот ги користи за да не ви даде покачување:
Не е предвидено во буџетот
Компанијата не може да ви даде покачување бидејќи не е предвидено во годишниот буџет – лага. Во голем број случаеви работодавачот има пари, но не сака да ги потроши на вас. Ако компанијата навистина го цени вашиот придонес, тогаш сигурно може да најде простор во буџетот за да ве награди.
Продажбите се слаби годинава
Дали сте го слушнале овој изговор? Треба да замислиме дека постои ќуп со пари наменети за покачувања, но тој ќуп е празен бидејќи компанијата имала слаб перформанс. Дали е вистина можете веднаш да проверите доколку располагате со бројки за остварената продажба. Доколку вашата работа не е поврзана со продажба и не работите на процент од истите, неправедно е работодавачот да го користи слабиот перформанс на секторот за продажба за вас да не ви даде покачување.
Немаш доволно искуство
Ова се случува со тукушто вработените кои се обидуваат со сите сили да остават добар впечаток. Да слушнете дека не сте добри во тоа што го работите само поради тоа што немате доволно искуство може да биде болно и да ве стави во еден систем каде што постојано бркате цел која не може да се достигне. Можете да заклучите дека и овој изговор е лага доколку работодавачот од почеток не ви даде јасна цел која треба да ја постигнете за да го добиете посакуваното покачување.
Заработуваш исто колку и другите
Ако работодавачот ја одредува вашата плата според националниот просек за вашата позиција, а не врз основа на вашиот перформанс, тогаш ви е јасно дека сте третирани како ништо посебно. Иако работите повеќе од вашите колеги, вашиот труд не се вреднува. Пазарните плати треба да бидат одредена граница од која може да почне платата, но не и варијабла од која зависи нејзиниот износ во иднина.
Може, но следната година
Ова е најопасната лага. Зошто? Па може да наидете на истиот изговор следната година и тогаш ќе сфатите дека сте го губеле времето. Тоа покажува колку малку му значите на вашиот работодавач бидејќи ја минимизира важноста на вашиот труд и времето потрошено во компанијата.
Мудрите вработени ја ценат вредноста на својот работодавач и наоѓаат начин за да добијат покачување. Дури и компаниите кои се соочуваат со лоши резултати не треба да престанат да инвестираат во своите вработени бидејќи вработените се најважниот ресурс.