Нови измами на лажни сместувања во Грција се појавија на Балканот. Последно, семејство од Србија било измамено за сместување за време на летниот одмор, а резервацијата ја направиле преку страница на социјалните мрежи.
Измамената Андријана С., за српскиот весник „Курир“ раскажа дека годинава решила за прв пат да резервира сместување на овој начин.
- Налетав на една госпоѓа која понуди одлично сместување во Пефкохори, 70 евра дневно, собите беа супер и имаше слободен термин од 8 до 18 август за двајца возрасни и три деца, што ни одговараше. Малку ми беше сомнително што сајтот неодамна беше отворен, таа ми побара да и платам 210 евра преку банка како резервација. Бев скептична бидејќи таа прво ми даде сметка со некои италијански податоци и не можев да и платам преку таа сметка, па ми даде друга, вели Андријана.
Андријана очекувала да добие потврда дека успешно го резервирала сместувањето, но не ја добила ниту адресата. Кога увидела дека не ги добила информациите што ги барала, решила да ја откаже трансакцијата преку банката, на што имала право со оглед на тоа што не поминале два дена од уплатата.
- Во понеделникот отидовме на море без никаква резервација. Почнав пак да гуглам и најдов маж во кој издава и нуди исти станови како таа жена. Потоа ми кажа како работат заедно, дека се од Хрватска и имаат станови во Грција. Тогаш сфатив дека соработуваат и мамат луѓе. За среќа, навреме сфатив дека нешто е сомнително и си ги вратив парите, додаде Андријана.
Уште неколку фамилии од Македонија и Србија сведочеа за вакви измами летово. Македонско семејство беше цел на ваква измама, каде тие резервирале смештај кој е три пати поскап од тоа што им било понудено.
Ваквите профили на социјалните мрежи нудат смештај од „Букинг“ во Грција, а воопшто не го поседуваат.
Измамниците користат лажни профили и ако бидат откриени, се префрлаат на други профили и даваат лажни резервации за други вили.
Надлежните алармираат да не се прават резервации преку разни профили на Инстаграм, групи на други социјални мрежи или новоосновани страници, бидејќи многу лесно може да ве измамат.