Иако некои компании вработуваат во текот на целата година, често работодавачите се обидуваат да проценат кое е најдоброто време за привлекување кандидати и објавување огласи за работа
Работата во секторот човечки ресурси во денешно време, кога има недостиг од работна сила, секако може да се нарече предизвикувачка работна средина. Пронаоѓањето квалитетни вработени кои ќе работат за компанијата, а притоа најдобро да се вклопат во компаниската култура е нешто со кое се бори речиси секој регрутер.
Во овој процес се наметнуваат различни прашања: дали почнавме да вработуваме на време, дали добро ја дефиниравме стратегијата за регрутирање, дали направивме доволно разбирлив оглас за вработување, дали се позициониравме на вистинските платформи, дали треба да инвестираме повеќе во огласување на отворените работни позиции. Колку рано ќе почнете да вработувате во голема мера зависи од стратегијата на компанијата, односно од тоа колку можете однапред да планирате. Vrabotuvanje сака да ви помогне да почнете да размислувате за вработување наесен, поточно од 24 до 31 октомври 2023 година, кога го организираме Најголемиот онлајн Регионален саем за вработување.
Како што кажува и неговото име, овој саем допира до целиот регион бидејќи истовремено е активен во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.
Саемот е време кога се „буди“ пазарот на трудот, тогаш летните одмори се веќе завршени и повеќето од нас се впуштаат во потрага по нова (подобра) работа. Секторите за човечки ресурси потоа работат напорно на регрутирање, а повеќето кандидати се свесни за тоа, дури и оние кои се веќе вработени и се пасивни на пазарот на трудот. Затоа, честопати, токму во ова време се размислува за опцијата за промена на работното место и истражување на нови можности на пазарот на трудот.
Затоа е важно да бидете присутни на пазарот на трудот во вистинско време, а онлајн Регионалниот саем за вработување служи токму за да ја издвои вашата компанија од конкуренцијата и да ве постави како истакнат работодавач. Поставувањето штанд на саемот е многу едноставен процес, во кој тимот на Vrabotuvanje секогаш ќе ви стои на располагање.
Сè уште се прашувате зошто да учествувате?
Регионалниот саем за вработување е онлајн настан кој во текот на четиринаесетте години во кои се одржува изгради препознатливост на пазарот на трудот и се етаблира како пристапна платформа за средба на работодавачите и работобарателите. Го организираме само еднаш годишно, а во текот на 8-те дена колку што трае саемот достигнува Employer Branding досег од над 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати.
На вас како компанија која огласува слободни работни позиции, е да го претставите сето она што имате да го понудите додека отворено ги пренесувате сите придобивки и проекти/предизвици со кои ќе се соочи вашиот нов колега.
Почнете со планирање за октомври - кои огласи ќе ги објавите, како мислите да се претставите, како визуелно да го уредите штандот, што би сакале да им претставите на кандидатите преку кампањите кои тимот на Vrabotuvanje ќе ги креира за вас, како би сакале да комуницирате со кандидатите преку опцијата чет...
Пријавете се за учество на Најголемиот онлајн Регионален саем за вработување