Лебот нема да поскапи. Условите на пазарот не дозволуваат зголемување на цената, тврдат од Асоцијацијата на земјоделци.
Најавите за корекција на цената нагоре ги нарекоа шпекулација и од мелничко пекарската индустрија. Откупната цена на пченицата и јачменот оваа година биле пониски од ланските, а се стабилизираа и берзанските цени.
Откупната цена на пченицата и јачменот беше многу ниска. На јачменот 9 денари, на пченицата од 8 до 11 денари. Така да нема никаков основ за покачување на цената на лебот и пекарските производи, изјави Гоце Серафимовски, претседател на Асоцијација на земјоделц