Од овој месец банките би требало да ги информират граѓаните за новите опции при отворање сметка. Со законските измени, новина во нашиот банкарски систем е воведувањето на платежна сметка за основни функции.
Притоа законодавецот утврдил дека за одржување на ваквата сметка, банките нема да семат да наплатуваат повеќе од 34 денари месечно, а доколку корисник на ваква сметка е примател на некаква помош од државата, тогаш банките не смеат да наплатуваат никаков надоместок за одржување на сметката.
- Со Законот за платежни улсуги и платни системи се предвидува можност граѓаните да отворат т.н. платежна сметка со основни функции. Со дебитната картичка која ќе им се издаде при отворањето на сметката, граѓаните можат неограничен број на бесплатни платежни трансакци, на пример во трогвијата, како и да извршта минимум пет платежни трансакции со платен налог, вклучувајќи и траен налог, доколку примателот на средствата има смета во истата банка. Сите овие услуги ќе бидат покриени со месечниот надоместок кој не смее да биде повисок од 0,1 отсто од просекот на просечните исплатени нето плати во земајта во претходните 12 месеци (околу 34 денари во моментот). Притоа, важно е да се напомене дека доколку граѓаните примаат на пример издршка, парична помош од социјална заштита, додаток за привремена невработенсот, додаток за дете, стипендија или слично, з акористењето на наведените платежни услуги преку платежна сметка со основни функции, банката не е дозовлено да пресметува и да наплатува надоместок – објаснуваат од Народна банка на Македонија за Фактор.
Банките и штедилниците треба бесплатно да ги информираат граѓаните за платежните услуги и надоместоците коишто ги наплатуваат за користењето на платежната сметка со основни функции за што се должни да им дадат информативен документ за надоместоците пред склучувањето рамковен договор.
Граѓаните кои сакаат платежната сметка со основни функции треба да знаат дека таа има слични функционалности како и „обичната“ платежна сметка, со тоа што на платежната сметка со основни функции не е дозволено пречекорување, односно навлегување во т.н. „минусно салдо“.
- Со други зборови, на сметката со основни функции на располагање ви се единствено паричните средства коишто ги поседувате, заради што, за да извршите плаќања треба да сте сигурни дека имате доволно сопствени парични средства на сметката, во спротивно плаќањето нема да се изврши. Платежната сметка со основни функции може да биде само во денари, за разлика од останатите платежни сметки коишто може да бидат во една или повеќе валути различни од денари – појаснуваат од НБ.
Платежната сметка со основни функции не вклучува кредитна картичка, а доколку потрошувачот сака да користи, може да склучи договор за неа. Платежната сметка со основни функции овозможува извршување на платежните трансакции исто како и другите сметки: секојдневно внесување и повлекување готовина, плаќање сметки за комунални и други услуги, јавни давачки и друго или користење дебитни платежни картички за купување на физичките места на продажба или преку интернет.
Извор: faktor.mk