Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2023 година, во споредба со јули 2023 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во август 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.9 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- август 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11.7 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 3.5 %.
Извор: biznisinfo.mk