Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49.345 денари, соопштија денеска од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Како што се наведува од ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и истата за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена за разлика од претходниот месец за 725 денари.
– Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто – оценуваат од ССМ.