Како и во сите сектори во економијата така и во занаетчиството најголемата мака во моментов е недостатокот на работен кадар. Занаетчиите велат дека се помал е интересот младите луѓе да ја преземат работата од своите татковци или дедовци, како што некогаш занаетите се префрлале од колено на колено.
Практиканството е добар начин за продуцирање на работен кадар, но во последно време квалификуваните работници кои ќе го научат занаетот, експересно заминуваат во некоја од западно европските држави. Сега занаетчиите бараат државата да им помогне финансиски во делот со практиканството, и да ги субвенционира по 1000 денари месечно од практикант.
На пазарот на труд се случува невиден феномен, еснафот бара решенија како младите да останат во државата, да работат тука, да живеат, а не да се селат и да работат во странство. Во македонските компании кои се занимаваат со занаетчиство има голем број на практиканти и млади луѓе кои го учат занаетот, но потоа веднаш заминуваат во странство, како прави мајстори. Од Комората на занаетчии за Денар велат дека мора да се најде стратегија како да се задржат нашите граѓани во Македонија, а не да увезуваме работна сила од далечните земји.
„По завршувањето на средносто училиште, по завршувањето на дуалното образование, нашите млади ни одат во странство. Ние подготвуваме работна сила за да може да ја задоволиме германската економија. Се поставува прашањето, како е можно странски работник да има бенефит и да работи во нашата држава а нашите млади да не сакаат, да не им се исплати. Тука има проблем во законот, или во даноците или во оданочувањето на овие фирми. Ние мора да најдеме солуција, решенија, да имаме стратегија, како наместо други работници да работат нашите деца“, велат од Комората на занаетчии.
Микро и малите компании треба да бидат помогнати од државата во делот на практиканството, додаваат занаетчиите. Државата, велат, дека треба да најде соодветно решение за да може да ги субвенционира и компаниите кои даваат практична настава. На тој начин стопанствениците ќе имаат можност подобро да ги подготват идните мајстори за домашниот пазар на труд. Занаетчиите им порачуваат на младите да учат занаети, да одат во средни струни училишта, бидејќи ќе имаат бенефит, било да работат во компанија било да отворат своја приватна фирма.
„Најчесто, микро и малите фирми самите на свој товар со репроматеријали, и останати суровини кои се потребни во производствто ги учат практикантите, а тие материјали најчесто потоа се неупотребливи се додека практикантот не го научи добро занаетот. Затоа бараме од државата да може да ги субвенционира фирмите. Како што може да ги субвенционира учениците месечно со по три илјади денари, државата да дава по илјадада денари по ученик на фирмата каде се врши практичната работа. На тој начин фирмата ќе може полесно да ги поднесе тие трошоци кои се потребни за учење на практикантот“.
Податоците на комората велат дека 60 отсто од практикантите продолжуваат да работат по струка, остануваат во компанијата, се вработуваат во тој сектор или пак основаат свој бизнис. Останатите 40 отсто на пракса одат само заради печат за на училиште.
Извор: denar.mk