Францускиот супермаркет „Карфур“ смисли впечатлив начин да им укаже на своите потрошувачи производители кои ја намалуваат амбалажата, но не и цената на производот.На полиците до предметните производи, клиентите сега можат да најдат налепница „shrinkflation“ (известување за намалување на големината или волуменот на производот).
Овој малопродажен синџир го објави ова известување со неколку видови производи, вклучувајќи познати брендови на ладен чај, чоколада и сладолед. По овој потег од компанијата посочија дека на овој начин сакале да извршат притисок врз производителите да ги намалат цените.
Како што можете да видите, целта на стигматизирање на овие производи е да им се каже на производителите да ја преиспитаат својата ценовна политика“, рече Стефан Бомпаис, директор за комуникација со клиенти.
Од супермаркетот наведуваат дека млечната формула за доенчиња е намалена од 900 на 830 грама, а цената останала иста. Шише леден чај со вкус на праска е намалено од 1,5 литри на 1,25, додека волуменот на кутија сладолед е помал за 30 грама.