Швајцарското село Албинен на сeмејствата им нуди по 50 илјади евра само за да се преселат во ова восхитувачко планинско село.
Дали се борите со трошоците за живот? Едно швајцарско село би можело да го има решението за вас.
Прекрасното подрачје се наоѓа во планинската падина на 1.300 метри надморска висина. Неговите традиционални планински куќички имаа поглед кон огромното природно опкружување од кое ќе се восхитите, пренесува „Daily Mail“.
На малото селце веќе одредено време му се заканува изумирање затоа што сѐ поголем број од жителите се иселуваат од селската сликовита заедница во корист на околните градови.
Кон крајот на 2020 година во селото живееле само 243 жители. Меѓутоа, планот којшто бил осмислен во 2018 година дава надеж дека тој тренд ќе биде спречен.
Без оглед на тоа што привлечното село е оддалечено 6,8 километри од градот Леукербад и 35 минути возење од градот Сион, селото сепак низ годините се испразнило поради недостаток на работа.
На семејствата ќе им бидат врачени по 25.000 евра по возрасен човек и уште 10.000 евра по дете.
Понудата од 50.000 евра за преселување во едно од најубавите места на светот е примамлива, но постојат два услови.
За да го запрат празнењето на ова место, Албинен од луѓето бара да бидат помлади од 45 години за да можат да се преселат таму. Од вас исто така се бара и да останете во тоа село да живеете 10 години.