Албанците земаат најниски плати, но работат најдолго во Европа.
Вработен во земјата лани работел просечно 43,7 часа неделно, за разлика од 43,3 часа претходната година, покажуваат податоците што ги објави ИНСТАТ. Според Евростат, вработените Албанци имаат најдолго работно време во Европа, пренесува Ора Њуз.
По Албанците, Србите работат подолго односно 43,3 часа. За Македонија, последните достапни податоци се за 2020 година, каде што просекот бил 40,9 часа.
Најдолги работни недели има во Грција (41,0 часа), Полска (40,4), Романија и Бугарија (и двете 40,2 часа). За разлика од нив, Холандија имала најкратка работна недела (33,2 часа), потоа Германија (35,3) и Данска (35,4).
Извор: Faktor.mk