„Затворено од пазарна инспекција “ – ова стои на вратата на ланци на маркети во Скопје и Струга. Државниот пазарен инспекторат стави клуч на врата на пет маркети во овие градови, а казнети се уште два во Кичево. Мерките се преземени оти маркетите не ја почитувале Владина одлука за гарантирана цена , но имало и прекршувања на останати законски прописи со што потрошувачите биле донесени во заблуда . Маркетите покрај пломбата од пазарен инспекторат треба да платат и казна во вкупен износ од над 4 милиони денари.
Прекршоци по одлуката за мерките на владата, за намалување на прехранбените производи на 25 категории на производи, каде што треба да стои видлива ознака „ гарантирана цена “ . Имаше случаеви каде не стоеше „гарантирана цена“ , а е намален производот , а имаше случаеви каде стои „ гарантирана цена “ , а не е намален производот или пак стои продукт и цена и гарантирана цена а истиот не е намален, вели Директорот на пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Мерката „гарантирана цена“, Владата ја донесе минатата недела , а маркетите имаа пет дена да се прилагодат за нови цени.
Директорот на пазарен инспекторат најави дополнителни засилени контроли , а убедува дека компромис немало да има за никого.
Подобро е самоиницијативно во да си ги затворат објектите, да си ги средат овие работи и да отворат, бидејќи во спротивно ќе постапуваме и со казни, а доколку видиме и нечесни трговски практики ќе постапиме и со затворање. Затворањето е од 3-33 дена, јас не би сакал повеќе од 5 дена да биде затворањето . Ова нека биде еден апел и поука да се средат, стојам зад тоа дека компромис нема да има, додаде Трајковски .
Трговците имаа обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, од онаа цена што била на први август. Ова важи за 25 категории на производи односно над 800 производи. Мерката е донесена откако цените стигнаа до „плафон“, а дел од експертската јавност предупреди дека е само популистичка и нема да придонесе за намалување на инфлацијата.