#NWS2023 Оваа недела во Македонија беше организиран Nelt Week Skopje, настан кој на едно место го собра менаџерскиот тим на Нелт Група од целиот Адриа регион
Тридневната агенда вклучуваше состанок на одборот на директори, квартален состанок на секторот за логистика, полугодишен состанок на менаџерскиот тим за дистрибуција, како и storecheck & warehouse обиколка.
Во оваа прилика беа презентирани резултатите од работењето во тековната година, статусот на тековните проекти и стратешки иницијативи, како и плановите и целите кон кои Нелт Група ќе се стреми во наредната година.
Гости на настанот Nelt Week беа претставници од најголемите македонски компании, Дарко Велков од Вработување.Ком, Милош Радуловиќ од АЛКАЛОИД АД Скопје и Гоце Вангеловски од НЛБ Банка Скопје, кои учествуваа во панел дискусијата „Погледи во деловната иднина на регионот. “. Панелот беше модериран од Марко Миланковиќ, менаџер за корпоративни комуникации на Нелт Група.
Овој настан е одлична можност за размена на идеи, актуелности од пазарот, дискусија за идниот развој на организацијата и меѓусебно дружење.