Владата е одобрен план за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, подготвен од Министерството за финансии.
Во него е предвидено како да се намали бројот на вработени во јавниот сектор, но и како да се преземат вработени од други институции ако има потреба од нови вработувања. Тој опфаќа и зголемување на продуктивноста на вработените во државните институции за да не се работи со загуба. Планот предвидува и намалување на трошоците за електрична енергија, намалување на расходите за телефони, репрезентации, реклами, за службени патувања, порестриктивни услови и критериуми за користење на службените возила, како и намалување на расходите за договорни услуги.
Како да се намали бројот на вработени во јавниот сектор, но и како да се преземат вработени од други институции ако има потреба од нови вработувања.Како да се зголеми продуктивноста на вработените во државните институции за да не се работи со загуба. Ќе се бара одговор на овие важни прашања со посебни мерки, кои се дел од новиот План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, подготвен од Министерството за финансии.
Подготвени се и анализи како да се зголеми продуктивноста на вработените во државните институции, но и мерки како претпријатијата што работат со загуба да ги намалат вкупните трошоците за 20 отсто и да го намалат бројот на вработени на неопределено време.
Како што информираат од Министерството за финансии, темелно подготвениот План за финансиска одржливост треба да даде одговор како да се обезбедат заштеди од буџетските корисници, јавните претпријатија, трговските друштва во државна сопственост, како и локалните самоуправи и локалните јавни претпријатија. Овој План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст е усвоен од Владата на Македонија.
– Планот е дел од определбата на Министерството за финансии за постепена фискална консолидација. Содржи конкретни мерки кои, преку рационализација, штедење и зголемена наплата на изворните приходи, ќе придонесат за намалување на буџетскиот дефицит и на долгот, определба што е поставена и со фискалната стратегија на РС Македонија за периодот 2024-2028 година – информира министерот за финансии Фатмир Бесими.