Поскапуваат над 1.000 артикли, стартува стапката на ДДВ од 10 отсто.
Од утре трговците ќе треба да ја применат новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи. ТВ „Сител“ дојде до листата производи која брои над илјада артикли. Меѓу нив, како што објави оваа телевизија се и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли.
Поскапува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Извор: faktor.mk