Измените и дополнувањата на законите со кои се регулираше задолжително одење во пензија со наполнети 64 години, односно 62, и стаж од 15 години со краен рок до 30 јуни 2022, довело до рекорден број на нови редовни пензионирања изминатата година, покажува завршната сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа придонело бројот на лица кои одат во старосна пензија да се зголеми за дури 4,03 проценти за само една година.
На крајот на 2022 старосна пензија добивале 231.066 лица, а само една година претходно нивниот број бил 222.123. Станува збор за рекордна разлика од околу 9.000 нови пензионери, најмногу поради законските измени со кои минатата година лица со навршени 64 години можеа да го продолжуваат стажот со краен рок до 30 јуни 2022, освен доктори и професори.
Иако бројот на приматели на семејна и инвалидска пензија се намалил, тоа не придонело значително да се намали големата разлика во бројки. Така, на крајот на 2022 имало 334.816 приматели на пензија, што е зголемување на годишно ниво од претходните 328.570 приматели
Извор: faktor.mk