Management Solutions – компанија која работи на проекти и обезбедува консултантски услуги во доменот на HR и business development за македонски и странски компании, ве поканува со учество на првиот од серијата настани наменет за македонската HR и бизнис заедница под називот HR Stories
Во денешниот брз свет на развој каде единствената константа е промената, одлуките кои се базираат на податоци се клучот за успехот на секоја компанија, сектор и HR професионалец.
Поради оваа причина, првиот настан под името „The story of numbers“, HR консултантите на Management Solutions ќе ги презентираат пред своите колеги и соработници различните видови на истражувања кои одделот за човечки ресурси може да ги спроведе во компанијата со цел да ја подготви истата за сите предизвици – интерни и екстерни.
Говорници:
- Ирена Ѓоршев – Директор за бизнис развој и HR консултант
- Анита Јанчевска – Менаџер за организациски развој и HR консултант
На настанот говорниците ќе ги презентираат различните типови на истражувања во HR, нивните најнови статистички податоци и увиди од истражувања кои ги спроведуваат. Во склоп на настанот предвидени се и интересни награди за присутните.
- Датум: 19-ти октомври (четврток)
- Термин: 10:00 - 13:00 часот
- Локација: Netaville
Настанот е од отворен карактер, но задолжителна е претходна регистрација на ЛИНКОТ.
За повеќе информации, контактирајте ги организаторите на следниот e-mail - anitaj@vrabotuvanje.com.mk или на телефонскиот број 075 334 530