Големи движења на македонската берза. Денеска во блок трансакција беа истргувани акциите на ФК Работнички АД Скопје.
Според информации на 4NEWS.mk клубот е продаден за 600 илјади евра.
Вкупната вредност е 36.904.250 денари, односно 600 илјади евра. Истргувани се 250 акции.
Вториот најтрофеен македонски фудбалски клуб Работнички сега најверојатно е дел од групацијата Џевахир, која веќе подолг период беше заинтересирана да го преземе „херојот од Дебар Маало“.
Работнички е клубот кој знае да создаде доби играчи, како Велковски, Елмас, Милан Ристовски кои се дел од актуелниот состав на македонската фудбалска репрезентација.