Македонија се гуши во отпад. Иако со години се најавува воведување на комунална полиција, која што би вовела ред во неконтролирањето форлање на отпад и создавање диви депонии на секој чекор, идејата засега останува само на хартија. Од Министерството за животна средина, велат дека е потребна поголема јавна свест отколку казнување, но додава дека се размислува и за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. Но, може ли комунална полиција да ги „дисциплинира“ граѓаните да не фрлаат отпад насекаде?
Идејата наиде на поддршка кај дел од општините и екологистите, но некои сметаат дека таа не е магично стапче коешто ќе може да ги реши сите проблеми.
„Комуналната полиција сигурно дека е решение за проблемот со отпадот. Можеби е и најдобро решение“, вели за ДВ градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Туристичкиот центар има голем проблем со отпадот, особено за време на летниот период, а дивите депонии крај езерото, кои често се потпалуваат, се вистинска еколошка бомба за здравјето на граѓаните во регионот. Иако за овој проблем веќе подолго време се алармира, решение се уште нема.
Идејата, според министерството за животна средина е, комуналната полиција да може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место. Шукова смета дека не е проблемот дали државата и локалните власти ќе интервенираат и ќе чистат, туку и да остане чисто и понатака. Особено тоа важи за местата како националните паркови, за каде е воспоставена пракса да се чистат депониите, но повторно се формираат.
„Контрола има постојано, но проблем ни е казнувањето. Кога одиме во земјите на ЕУ, кога ќе помине нашата граница за жал, поинаку се однесуваме. Мислам дека, како што се однесуваме во тие земји треба да се однесуваме и дома. Не е прашањето дали треба да се казнуваме. Треба да ја подигнеме малку јавната свест, дека фрлајќи го отпадот си правиме штета самите на себе, бидејќи ние тука живееме, ние тука опстојуваме, тука ќе живеат и нашите деца“, изјави министерката Шукова в