Има повеќе од сто илјади невработени, а го нема потребниот кадар. Ова е состојбата на домашниот пазар на трудот, каде што во основата на проблемите се (не)стручноста и масовното иселување на работната сила.
Во моментот најбарани се хигиеничарите на производствени – работни простории и општите работници. За овие две занимања има најголем број слободни места, според податоците на Агенцијата за вработување – 465, односно 433. Во топ 10 најдефицитарни програмерите паднаа на деветтото место. За нив има 114 отворени позиции.
Засега, на цена се продавачите. Се бараат 300. Следуваат келнерите (262), возачите на камион (198), хигиеничарите на станбен и деловен простор (169), контролорите за квалитет на производство (160), обезбедувачите (144), магационерите (113).
Слободни места има и за оператори во кол-центри – 106, за касиери 99. Во АВРМ е забележана потребата од 93 градежни работници и 88 таксисти. Звучи неверојатно со оглед на општата перцепција за гломазноста на администрацијата, но и таму недостасуваат 79 службеници.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
На следниот ЛИНК можете да ги видите сите активни огласи за ХИГИЕНИЧАР/КА
На следниот ЛИНК можете да ги видите сите активни огласи за ОПШТИ РАБОТНИЦИ