За Германците е на широко познато дека се луѓе што ги почитуваат законите дури и за најмалите нешта. Кога станува збор за однесувањето во јавност, тие имаат навистина чудни правила. Едно од нив е бушење со дупчалка во недела.
1. Не смеете да бидете несвесни или летва пијани на вашата свадба. Во Германија е речиси невозможно новиот сопруг кој се опуштил со пиењето да ја уништи прославата затоа што за тоа постои закон. Во него стои дека бракот е невалиден ако еден од брачните партнери не знае дека склучува брак или пак, не е при свест. Значи, ако сакате да измамите некој, нема да ви успее.
2. Забрането е да останете без гориво на автопат. Германија е позната по тоа што нема ограничување на брзината на автопатите, но ако застанувате мора да имате добра причина за тоа и не смее да биде поради немање гориво. Тоа ќе ве чини парична казна, а во некои републики и негативен поен во возачката книшка ( Verkehrssünderkartei ).
3. За време на Октоберфест никој не е легално пијан без разлика колку алкохол има консумирано.
4. Забрането е да свирите на пијано на полноќ. Германците ја сакаат својата тишина. Всушност за било кој инструмент е дозволено да свирите од 08:00 – 12:00 и од 14:00 – 20:00. Но тоа не е се, за секои инструменти има посебно правило колку време во текот на денот можите да свирите. Така на пример пијанистите добиваат 2 часа дневно, а тапанаите само 45 минути на лето и 90 минути во зима.
5. Законски кафич никогаш не е преполн. Секогаш има место за уште еден гостин на било која маса без разлика колку се гостите настегани.
6. Не смеете да му се обраќате со ТИ на полицаец. Ова можи да ве чини казна од 600 евра, а постојат безброј зборови во законот кои се казнуваат од 15 до 30 дневници доколку му ги изговорите на полицаец. Некои од нив се: “Depp!”, “Blöde Kuh!” или “Idiot!”
7. Забрането е косење на тревниците во недела. Оваа активност е строго забранета и утврдена со закон, според кој, ако ја работите оваа активност во недела ќе добиете казна и до 50.000 евра.
8. Казна затвор за предизвикување нуклеарни експлозии. Ако работите на нуклеарно оружје и притоа го тестирате, ќе ви следи 5 години затворска казна за предизвикување нуклеарна експлозија.
9. Имињата на новороденчињата мора да бидат јасни. Властите имаат право да одбијаат име на новороденче доколку името не го определува точно полот дали е машко или женско.