Со цена од 33.000 евра во Кина, овој модел е во ранг на „Tesla Model 3“, иако е за класа поголем од него.
„Huawei“ го направи својот прв автомобил, модел наречен „Luxeed S7“ кој ќе биде конкуренција на големите електрични лимузини, како што се „BMW i5“ или „Tesla Model S“. Автомобилот заеднички го развиле технолошкиот гигант „Huawei“ и кинескиот произведувач на автомобилите „Chery“ и е долг речиси пет метри (497cm).
Дизајнот е очекувано модерен, скроен по последната мода на електричните автомобили. Истото важи и за ентериерот, кој е пример за минимализам со два екрани и отсуство на функциски тастери.
Важен, од технолошки аспект, оперативниот систем „HarmonyOS“, кој е ист како на паметните телефони или таблети на кинескиот бренд. Тој е одговорен за управување на мултимедијалниот систем и поврзувањето.
Другиот технолошки аспект е автономното возење, за кое е заслужен комплексниот „Huawei ADS 2.0“ систем, кој интегрира 11 камери со висока резолуција, 12 ултразвучни радари и ЛиДАР сензор.
Понудата се состои од две верзии, една со погон на задните тркала од 288 коњски сили (215 kW) и втора со погон на сите тркала која располага со 489 коњски сили (365 kW) и може да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди.
За послабата верзијата се тврди дека има автономија на возење од дури 800 километри, а батериите е производ на кинески „CATL“. Со цена од 33.000 евра во Кина, овој модел е во ранг на „Tesla Model 3“, што е уште една голема предност на овој електричен автомобил во однос на американскиот произведувач.