По примерот на Европа, изготвен нов закон, кој е поставен на ЕНЕР
Овој закон, кој веќе е изработен и поставен на платформата ЕНЕР, се носи согласно со програмата на Владата и е изработен согласно со националната стратегија за развој на социјални претпријатија. Ваквиот вид претпријатија креираат решенија за сегашните предизвици, како борба против сиромаштијата, праведни услови за работа, решенија поволни за животната средина. Социјалната економија во ЕУ обезбедува над 13,6 милиони платени работни места, вклучува над 82,8 милиони волонтери и 232 милиони членови
Веќе е изработен закон за социјални претпријатија, кој е поставен на платформата ЕНЕР. Во правната рамка е содржано како ќе функционираат социјалните претпријатија, како и обезбедување еднаков правен статус и придобивки за сите социјални претпријатија. Овој закон се носи согласно со програмата на Владата и е изработен согласно со националната стратегија за развој на социјални претпријатија.
Очекувањата се дека мерките за поддршка на социјалните претпријатија ќе придонесат за остварување на целите за одржлив развој, бидејќи социјалните претпријатија креираат решенија за сегашните предизвици, како борба против сиромаштијата, праведни услови за работа, решенија поволни за животната средина.
– Функционирањето на социјалните претпријатија е од особено значење, бидејќи имаат важна улога на поттикнувачи на промени при транзиција на земјата кон поправедна, поинклузивна, партиципативна и одржлива економија и општество, особено преку својата вклученост за развивање циркуларна, споделувачка, паметна и зелена економија – се појаснува во образложението на законот.
Европската комисија ја препозна важноста на социјалните претпријатија како клучен елемент за надминување на тековните социјални и економски проблеми. Социјалната економија во ЕУ обезбедува над 13,6 милиони платени работни места, вклучува над 82,8 милиони волонтери и 232 милиони членови.
Целта на законот e да се овозможи развој на социјалното претприемништво преку функционирање на социјалните претпријатија, создавање поволна деловна средина за развој на социјалните претпријатија, обезбедување правно признавање на социјалните претпријатија, како иновативен модел за вработување, еднаков пристап до фондовите за развој…
– Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст, како и активирање на корисниците на различни видови социјална помош – пишува на ЕНЕР.
Се додава дека работата на социјалните претпријатија ќе има позитивно влијание на постојните општествени проблеми и нивната активност ќе покрива разновиден спектар на економски, социјални и на еколошки прашања.