стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот.
Од денес стартува евтината тарифа на струјата но први ке ја добијат тие со сетирани броила. Доколку сакате да дознаете дали кај вас е активна евтината тарифа, тоа најлесно може да го сторите ако на екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа).
Оваа ознака значи дека сте меѓу првите „привилегирани“ да добиете евтина дневна тарифа, бидејќи од близу 650 илјади броила, среќи ќе бидат само 170 илјади корисници, бидејќи тие имаат нови струјомери на далечинска комуникација па веднаш се сетирани. Останатите имаат обични броила кои мора да бидат сетирани рачно и на самото место. Значи екипите на ЕВН треба да го сторат тоа.
Како и во претходните случаи, приспособувањето на секое поединечно броило е мануелно, за што е потребен физички контакт со секое од нив од екипите на ЕВН, во времетраење од 45 секунди до една минута во зависност од типот на броило.
По воведувањето на блок-тарифите, броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа.
Евтината тарифа беше укината во јануари 2022 година, заради високата цена на струјата. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто. Граѓаните и понатаму ќе користат евтина струја во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.