Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна рано утрово во 4 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.
Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги.
Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.
Петок, 22 декември, е 358-миот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.
Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.