Може ли со законско решение да се спречи одливот на медицински персонал?
Во земјава има недостиг од 7.500 до 8.000 медицински сестри, а заедно со фармацевтите, рендген-технолози, лаборанти околу 11.500 стручни медицински работници.
За да се надмине овој проблем неопходно е итно донесувањето на Законот за сестринска дејност кој ќе ја регулира оваа професија во однос на образованието, работните задачи и одговорностите, вели претседателката на Унијата на медицински сестри, Гордана Бешлиовска.
И националниот координатор за реформи во примарната здравствена заштита д-р Злате Мехмедовиќ, апелираше за што поскоро донесување на Законот. Законот треба го спречи големиот одлив на кадри, бидејќи се очекува до крајот на 2030 година да недостигаат околу 10.000 здравствени работници.
- Сериозен проблем е што треба да го спречи големиот одлив на кадри. Се очекува околу 10.000 здравствени работници да недостигаат до крајот на 2030 година. Не би сакале Македонија да биде дел од земјите засегнати со хроничен недостиг на здравствен персонал, укажа д-р Мехмедовиќ.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press