Индиската полиција ослободи гулаб кој бил притворен осум месеци поради сомнение дека шпионирал за Кина.
Полицијата се сомневала дека гулабот, кој во мај минатата година бил фатен во близина на пристаништето во Мумбај, бил вмешан во шпионажа бидејќи на нозете имал два прстени со зборови што личат на кинески.
Полицијата го ослободила гулабот и го пуштила назад во дивината, објавија индиските медиуми.
Гулабот поминал осум месеци во заробеништво во болница за животни во Мумбаи пред да биде откриено дека птицата полетала во Индија од Тајван.
Ова не е прв пат да се апси гулаб
Низ историјата, гулабите се користеле за шпионирање, а британските сили ги користеле овие птици во Првата и Втората светска војна за да пренесуваат пораки.
Полицијата во Индија и претходно приведувала гулаби.
Во 2020 година, гулаб кој припаѓал на пакистански рибар бил фатен во Кашмир, а истрагата покажала дека птицата не била наменета за шпионажа, туку едноставно ја прелетала границата меѓу двете земји.
Во 2016 година, индиската полиција приведе уште еден гулаб откако наводно бил пронајден со белешка со која се заканувала на индискиот премиер Нарендра Моди.