Вообичаен начин да се опише некое далечно, затскриено место е да се каже дека тоа е „во Тунгузија“. Сепак, многу луѓе немаат поим каде е Тунгузија.
На страницата на Инстаграм Geoinst беше споделена мапа на регионот Евенкија, на многумина познат како Тунгузија. Се наоѓа во североисточниот дел на регионот Краснојарск во Русија.
Овој регион, чие име често се споменува во секојдневниот говор на Балканот, е познат по експлозијата што се случила во 1908 година.
Експлозијата Тунгуска од 1908 година е името на необјаснетата експлозија што се случила во Русија, во Сибир, во близина на реката Тунгуска. Настанот се нарекува и Големата сибирска експлозија. Се претпоставува дека астероид паднал и изгорел над областа.
Поради експлозијата се уништени и изгорени дрвја во радиус од 30 километри, а прозорците во градот Ванавара, оддалечен 65 километри, испукале. Се проценува дека настанот зафатил површина од 2.000 квадратни километри и уништил 60 милиони дрвја.
Потоа, во 2019 година во овој регион падна метеорит, кој се најде на насловните страници на светските медиуми. Парчето е пронајдено во реката Подкаменаја Тунгуска во близина на селото Учами во регионот Краснојарск.
Извор: nezavisen.mk